Радио Милева една година како еден ден

Сања Савеска една година е домаќин на кулинарското шоу „Брза кујна“, a сега ги сумираше впечатоците од првото снимање: „Сė беше така природно и весело, јас малку изгубена“

Сања Савеска една година е домаќин на кулинарското шоу „Брза кујна“, a сега ги сумираше впечатоците од првото снимање: „Сė беше така природно и весело, јас малку изгубена“

Кулинарското шоу „Брза кујна“  на Сител телевизија важи за едно од најгледаните емисии од ваков карактер. Секој ден,  шефовите Марк и Никола заедно со учесниците подготвуваат разни специјалитети, главни јадења, десерти за само 20 минути.

До претходната година, домаќин на „Брза кујна“ беше водителката Александра Илиевска. Меѓутоа, пред почетокот на шестатта сезона таа замина на породилно отстуство и во јануари оваа година се реализираше во улогата на мајка, ја доби ќерката Сара.

На нејзино место дојде Сања Савеска која публиката претходно ја памети како водителка на утринската програма „Македонија денес“ на телевизија 24.

Од утринска програма, Сања се префрли во забавно, кулинарско шоу. И по една година таа останува да биде домаќин и дел од тимот.

Савеска по тој повод се огласи на својот „Фејсбук“ потсетувајќи се на нејзиниот прв ден на снимање на „Брза кујна“, како и тоа како се однесувале колегите и соработниците со неа.

„ Една година ,како еден ден !

Пријателства и работа од соништата .

Како вчера се сеќавам на првата средба, а воедно и првото снимање на Брза кујна заедно со врвните ,светски а наши шефови , шеф Марк де Јонг и шеф Никола Мишковски.

Се беше така природно и весело , јас додуша малку изгубена дали ќе се снајдам , што ако не успеам да ги следам што прават , да не зборувам многу, да не зборувам малку Огромен тим зад камерите, сите одлично вклопени и уиграни во процесот на снимање на ова шоу , и сите со трпение и разбирање дека сум нова и може ќе ми треба време да се снајдам , од прв до последен добив огромна поддршка ,и неизмерно сум благодарна за оваа шанса , да бидам дел од најдобрата и најпрофесионална телевизија во Македонија“ напиша Савеска.

За потсетување, Александра Иливска исто така се врати пред екраните. Водителката сега е дел од тимот на утринската програма „Здраво Македонјо“ на Канал 5 телевизија. Александра дојде како замена на водителката Милена Антовска која замина на породилно отсуство.

фото: фејсбук/сања савеска/инстаграм/александра илиевска

To top