Радио Милева

Сања Сани Гроздановска го прокоментира скандалот со Јелена Карлеуша, па откри што би направила на нејзино место

Сања Сани Гроздановска го прокоментира скандалот со Јелена Карлеуша, па откри што би направила на нејзино место

Повеќе од една недела главна тема во сите медиуми во регионот е скандалот во кој е вклучена Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш.

Имено, се појавија експлицитни фотографии од пејачката која наводно ги праќала на босанскиот фудбалер.

Покрај фотографиите се појавија и пораки од нивни допишувања, но и нивно заедничко видео од Атина.

Карлеуша ги демантираше сите пишувања дека имала нешто со Врањеш истакнувајќи дека тој е психопат кој сакал да има нешто со неа.

Од друга страна, Врањеш тврди дека бил со Карлеуша и дека ја запознал нејзината мајка.

https://www.youtube.com/watch?v=vELUXcxMqHs

Многу личности од естрадата ја поддржаа Карлеуша истакнувајќи дека пред се таа е жена, мајка, сопруга.

Меѓу нив беше и македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска која не остана должна, па го прокоментира скандалот.

„Самата наша професија и јавните настапи наметнуваат многубројни можности за афери и измислени приказни од кои може да произлезат милиони проблеми доколку се работи за некоја лабилна врска или брак. Можам да кажам дека ова навистина е смешно, и верувам дека Карлеуша заедно со својот сопруг вечераат некаде заедно и  се смеат на ваквиот скандалозен и низок начин на провокација. Таа професионалец и семеен успешен човек за кој нормално е да се измислуваат вакви работи“ вели Сани за „svet-austrlia“.

Таа откри што би направила доколку би била на нејзино место.

„Да сум на нејзино место тотално би го игнорирла овој скандал, исто како и сите други. Ние сме нормални луѓе, а тоа го знаат само нашите најблиски. Сите останати треба да го гледаат само тоа што им го прикажуваме.Хахаха, а не лесно да си јавна личност“ вели Сани.

За потсетување, по големиот скандал Карлеуша замина во Кина, а по една недела се врати во Белград и се појави на снимањата на „Ѕвездите на Гранд“; но не сакаше да дава изјави за српските медиуми.

To top