За разлика од својот сопруг, раперот Марко Маринковиќ-Слаткар, Сања Николиќ е порезервирана кога се во прашање објавите на сцијалните мрежи.
Марко нема проблем ниту да ги пушти камерите дома, како што неколкупати ги угости „Бекстејџ“, но Сања за разлика од порано, сега нема желба да се појавува пред камери и да се експонира пред јавноста.
По повот Денот на жената 8-ми Март, Сања за промена, делумно го покажа амбиентот во својот дом на кусите приказни на Инстаграм, а со тоа откри дека Слаткар како вистински џентлмен и романтичар, и подарил букет од црвени и жолти лалиња.
За ди ги спаси од мачкчата која ја чуваат во домот, цвеќињата мораа да стојат на највисокото место од полиците.
Инаку, Марко неодамна со фотографија од сопругата, откри дека за неколку месеци за првпат ќе стане татко, односно со Сања ќе се реализираат во улога на родители.