Водителката Сања Кужет се појави со својот сопруг Немања Живојиновиќ на 60-тиот роденден на пејачката Ана Бекута.
Иако не ја гледаме честопати во јавноста, особено на настани каде што се собираат славни личности, Сања овој пат уживаше со нејзината посилна половина, а во интервју за српски Блиц, таа призна дека во моментот поминува низ исклучително тежок период.
– Нема убави работи што се случуваат приватно во мојот живот. Вечерва се потрудив да ја испочитувам Ана и да бидам вистинска пријателка. Сакам да си покажам дека некои работи во животот можам да ги погледнам повторно од позитивна страна – рече Сања, која само кратко спомна дека проблемите се однесуваат на нејзините родители, но не сака да ги образложува, туку само на кратко одговорила на прашањето:
– Во прашање е болест на родителите.
И покрај лошите работи, водителката беше видливо насмеана и со ведар дух и како што вели со тагата на крај излегува професионално.
– Мојата насмевка е понекогаш маска, понекогаш вистинска, но станав суров професионалец. Тоа си го докажав кога го работев претходното финале на „Ѕвездите на Гранд“, кога добив некоја непријатна вест тоа утро – додаде Сања.
На прашањето на новинарката што решила да се појави со својот сопруг, со кој не ја гледаме толку многу во медиумите, на прославата на роденденот на Ана, Сања одговори:
– Вечерва сме поканети како двојка и мислам дека е сосема коректно ако некој ве покани така и двајцата да се појавиме.