Радио Милева Сака да игра

Сања Кужет излезе на сцената и го покажа својот талект: Микрофонот во рака и изведба на необичен перформанс (видео)

Сања Кужет излезе на сцената и го покажа својот талект: Микрофонот во рака и изведба на необичен перформанс (видео)

Сања Кужет важи за една од најубавите, но и најзгодните српски водителки. Гледачите се навикнати да ја гледаат Сања во предизвикувачки, ултрамодерни изданија, најчесто во фустани.

Сепак, Сања овој пат се појави во сосема ново издание. Таа носеше блескав златен костум, кој во комбинација со црн топ го истакна нејзиното извајано тело.

Луѓето кои ја сакаат Сања знаат дека таа не се двоуми да земе микрофон и да пее, а сака и да игра.
Сања искористи една таква можност пред да започне снимањето на познатото музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Таа стана од местото каде што седеше жирито, самоуверено тргна кон сцената, а потоа го зеде микрофонот и изведе необична точка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet)

Како што можете да видите на видеото, водителката била целосно опуштена, уживала во неколку моменти кога била главна ѕвезда на „Гранд“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

Илјадници мажи во Србија воздивнуваат по оваа убава водителка, а таа со својата харизма маѓепса и многу жени. На нејзиното лице секогаш има насмевка, а често знае да се пошегува и со некој од членовите на жирито.

Да потсетиме, Кужет со години ужива во љубовта со Немања Живојиновиќ, маркетинг директор на автомобилска компанија.

Парот го има синот Страхиња, додека Сања од претходната врска со бизнисменот Зоран Пајпер го има и синот Андрија, кој едвај чекал мајка му да му подари помал брат.

фото:Инстаграм/сања кужет/ѕвездите на гранд

To top