Сања Кужет е една од најпознатитe водителки, а поради својот атрактивен изглед често е во центарот на вниманието.
Водителката секогаш истакнува колку го сака здравиот живот и како се грижи за својот изглед, а пред сѐ за своето здравје.
На годинешниот белградски маратон убавата водителка учествуваше на трката долга 21 километар и издржа до крај.
Сања истрча полумаратон за 2 часа и 41 минута, а ова и е прво учество за кое вредно се подготвуваше со месеци.
View this post on Instagram
„Почнав да трчам во септември, мојата пријателка ме воведе во овој свет на трчањето, но секако самоиницијативно. Минатото лето имав желба (за прв пат) да почнам да трчам“ – изјавила Сања за „Прва“.
Сања истакна дека се било баш како што планирала.
View this post on Instagram
Таа изјави дека е горда на себе, но и на семејството и пријателите кои и давале поддршка за време на подготовките за самиот маратон, за „новопечената маратонка“ да го истрча „почесниот круг“!
Фото:Принтскрин/Инстаграм/sanja_kuzet