Радио Милева

Сања Барбика распали по колешките: „Паднавте толку ниско да го валкате моето име и углед!“

Сања Барбика распали по колешките: „Паднавте толку ниско да го валкате моето име и углед!“

Позната македонска фолк пејачка Сања Барби Цинцева испровоцирана од некаква постапка и муабети на некои свои колешки, се реши да им посевети статус и јавно да им каже што мисли.

Сања не го откри нивниот идентитет и што точно ја начнало работата за да дојде до ова, но затоа пак, нашииша едno подолго обраќање до нив на својот профил на Фејсбук во кој сакаше да им укаже зошто е подобра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SANJA CINCEVA ® (@sanjacincevaa) on

За објавата имаше и голема поддршка од пријателите и обожавателите, а истата гласи:

Ми кажаа дека некои анонимуси “певалки” кои пеат за 2000 денари, го валкале моето име наоколу. Па ај реков да им одговорам вака јавно. Ве разбирам, а во исто време Ве жалам, паднавте толку ниско што за да дојдете до малку публицитет и да привлечите внимание го валкате моето име и мојот углед! Вие сте далееееку позади мене, немате ни една Ваша хит песна, ниту 1 денар вложен во Вашата маалска кариера. Од тука го разбирам Вашиот гнев, љубомора, затоа што мојата кариера е богата со неколку хитови, меѓународни настапи и договори со странски продукциски куќи, нови и тренд спотови… Ви ветувам дека повеќе нема ни да Ви посветувам внимание затоа што не вреди на Вас да трошам време. Продолжете да пеете за 2000 денари и тапкајте в место без никаков успех. Ако Ви треба стучен совет побарајте ме, ќе Ви помогнам барем 10% да Ви вреди Вашиот настап во однос на мојот. Со овие Ваши постапки само се потврдува дека сте за жалење и дека сте ОЧАЈ!!! Ми е жал што ја понижувате нашата професија, ние сме вложиле многу финансии во нашите кариери, за разлика од Вас., пишува Сања Барби без да потенцира и именува за кого станува збор, односно кои е тие пејачки што ја изиритираа и налутија да им се обрати вака јавно.

фото:сања цинцева/фејсбук
To top