На социјалните мрежи речиси секојдневно осмнуваат видеа на кои јасно се гледа како пејачите и оние од регионот, но и нашите од Македонија, добиваат богат бакшиш. Ѓани, Сандра-Африка, Теодора Џехверовиќ… народот веќе ги прогласи за кралеви и кралици на бакшишот, откако тие буквално беа затрупани со пари што одвај можат да ги држат во рацете.
На едно од новите видеа од на нејзиниот Инстаграм, атрактивната струмичанка, фолк пејачката Сања Цинцева попозната како Сања -„Барбика“ покажа како додека трепнеш добива стотици, а можеби и над илјада и нешто евра, ако не и повеќе.
View this post on Instagram
На видеото јасно се гледа како гостите ја китат како новогодишна елка со банкноти сексапилната пејачка, која со широка насмевка од уво до уво, едвај успева да ги задржи парите в раце, додека ја пее познатата „Жена од султана“.
Во мини црно фустанче со сребрена апликација и длабоко деколте до папокот, од кое срамежливо ѕиркаат разголените гради, и самата изненадена од богатиот бакшиш, фолкерката дури и се збуни во еден момент, по што само се насмеа и продолжи да пее на настапот кој се случува во Швајцарија, каде Сања за помалку од една минута, самата заработи една швајцарска плата.
И додека некој од гостите ја снимал со мобилниот телефон, струмичката Барбика покаже дека и таа може да биде „фабрика за бакшиш“!
Инаку во последно време расната фолкерка е повеќе барана надвор отколку дома, а најчесто настапува во европските земји (Германија, Австрија, Швајцарија), по клубови, кафеани и локали каде доаѓаат да се забавуваат иселеници од целиот регион.
Згодна, атрактивна, провокативна, сексапилна… расната струмичка фолкерка и со песна и со изглед очигледно научила како да им ги „ќари“ сите пари на веселите „гастрбајтери“, па дома да се врати насмена и „нафатирана“, како „жена од султана“!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/sanjacincevaa