Од Барбика до црна Мамба… Од риба и пол, до секс бомба… Од згодна мачка до жестока Амазонка… Ова се само дел од епитетите кои можете да ги најдете во насловите и написите по порталите и печатените медиуми, за атрактивната македонска фолкерка, Сања Цинцева, попозната како Сања – Барбика!
Откако тргна да си ја проба среќата надвор од Македонија обидувајќи се на српската естрада, Барби е се посамоуверена и во изгледот и во настапите и во она што како песни и видео ги нуди. Последниот сингл и видеото за него кои беа промовирани само пред неколку недели насловени „Без пардон“,најдобро зборуваат. од насловото па се до стиховите на песната и видеото… Барби „гази“ напред!
Во меѓувреме, по турболентната зима, атрактивната струмичанка реши малку да се одмори. Од родната Струмица, туристичка тура до Милано, па преку Италија до Германија… на гости и посета на нејзината сестра.
А, кога сме веќе кај семејството, сања уште претходно ги покажа на заедничка фотографија помалиот мајка и Ани-Негрита и помладиот брат Борислав. нема збор, факт е дека сања на вистина има убаво семејство, од кое е наследен и нејзиниот ген.
А што се однесува до сестра и… Заедничката фотографија кажува само едно: Сања-Барби и нејзината сестра се „копи-пејст“! Личат една на друга како јајце на јаце… Иако сликани без шминка, јасно е дека и обете се убави и атрактивни.
Впрочем како и најмалиот член на згодната фамилија – малата внука на Барби која е вистински мал, сладок ангел, кој го продолжува семејниот ген кога е физикусот во прашање, акој да знае, можеби ќе се метне во талентот и на тета Сања?
Како и да е, сексапилната стструмичка фолкерка покажа дека има убава фамилија, ама од сите, само тој и јаде од рака!
Не, не е во прашање кој е главен, кој не кај Барби, зашто таков уште не видовме… не барем јавно и за сериозно. Овде во прашање е обичен градски гулаб, еден од многуте на плоштадот пред миланската катедрала Дуомо, кои спитомени и одмаќани на туристите и посетителите и буквално им јадат од рака.
Ќе има ли и некој ваков „гулаб со човечки лик“ во животот на пејачката, останува да почекаме, па да видиме, кој кому „ќе му јаде од рака“?