Македонската фолк пејачка Сани со новиот избраник Никола Урдановиќ, откако најпрвин неодамна влезе во граѓански брак, веднаш потоа направи и свадбена веселба. Кон крајот на минатата година тие ја официјализираа врската и започнаа заеднички живот.
Така, сега македонската фолкерка сега стана госпоѓа Урдаревиќ, откако по трет пат влезе во брак и смени презиме. „Трета – среќа“, велат и дај боже да биде кога е бракот на македонската фолкерка во прашање, ама кога сме веќе кај бракот она што се знае дека сега Сани има трет брак, нов сопруг и засега „само“ пет, дечиња за чување…
Нејзините две ќеркички, по една од претходните два брака, додека нејзиниот сопруг Никола од претходниот брак има три деца… Две ќерки и еден син. Или севкупно, новофотрмираното семејство Урдаревиќ има засега пет деца.
Е сега, ако се прашувате зишто она „засега“, одговорот е е дноставен. Македонската фолкерка сани сега Урдаревиќ повторно е бремена? Или тоа само така изгледа на фотографиите од нивната свадбена веселба кои таа и сопругот ги споделија. Можеби окото лаже, ама искуството секако друго налага, па од она што барем визуелно може да се забележи, изгледа дека стомачето на Сани е потпораснато, а во него се крие уште една принова?
Впрочем на една од заедничките слики таа и нејзиниот сопруг се во фотографирани во брачна прегратка, во која не ќе да е случајно и нејзините и неговите раце преклопени едни врз други да се ставени на стомакот на пејачката?!
Ако е така, нека е аирлија… Впрочем ако кај Никола од претходниот брак дечињата на број се три, фер би било да го стигне и Сани. Конечно, време е едно да биде и заедничко! Како круна на љубовта на новата брачна двојка!
Фото: Инстаграм принтскрин/sani.urdarevik