За фолкерката Сања Сани и нејзиниот нов избраник Никола Урдаревиќ , Новата година започна на возбудлив начин, па уште од почетокот на годината ќе имаат убави спомени од 2023 – та година.
Имено, Сани по трет пат кажа „ДА“ , а презимето Гроздановска, на социјалните мрежи го смени точно на први, иако го задржа доста подолго од планираното, т.е го задржа и откако се раздели од вториот сопруг.
Но, згодната кумановска не чекаше многу и набрзина влезе во третата врска, па можеби тоа беше причината за одложување и неменување на второто презиме со нејзиното родено… За да не мора „секоја недела“ да менува презиме!
Како и да е, сето тоа е минато, а откако сега одново заплови во брачните води, таа и официјално седна пред матичарот да го стави нејзиниот потпис и во матично со србинот Никола, кој живее и работи во Швајцарија, како генерален менаџер на еден термохотел со спа центар на убавите швајцарски алпи.
Пејачката деновиве, стави потпис и официјално стана госпоѓа Урдаревиќ. А како доказ за тоа таа и нејзиниот избраник споделија фотографии на кратките Инстаграм приказни од самиот чин на потпишување.
Најпрво тие го покажаа симболот на вечната љубов и ставија златни прстени на фотографијата која заеднички ја објавија на нивните профили.
А потоа Сани со сериозен лик му порача на новиот сопругот дека сега веќе никој не е одговорен и виновен за одлуката која ја донел и со која сам си ја потпиша судбината…
Очигледно е дека Никола сфати колку е часот па го потврди напишаното, а уште и додаде … и тоа „окезен“. Но, секако на тоа додаде и неколку емотикони смајлиња.
И двајцата насмеани сега и официјално запловија во брачните води, па да се надеваме дека насмевката вечно ќе им трае…!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сани Урдаревиќ