Радио Милева
преемотивно

Сандра Булок пет месеци по неговата смрт ја испочитува последната желба на саканиот (видео)

Сандра Булок пет месеци по неговата смрт ја испочитува последната желба на саканиот (видео)

Славната холивудска актерка Сандра Булок ја испочитува последната желба на својот покоен партнер Брајан Рендал 5 месеци по неговата смрт.

Имено, Брајан имал желба по неговата смрт, неговата пепел да се расфрла во река во Вајоминг.

На денот кога требаше да биде неговиот 58-ми роденден, актерката ги расфрлала неговите останки во реката Снејк.

„Среќен роденден, Брај. Сенди те донесе до реката, токму како што вети“, напишала сестрата на Булок, Гесин Булок-Прадо покрај краткото видео.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gesine Bullock-Prado (@gesinebp)

„Колку убав начин да му оддаде почит на човекот кој го сакала. Да се испочитува неговата последна желба! Вие сте во моето срце и во моите молитви. Колку и да е тешко и тажно да се изгуби некој толку посебен, се надевам дека ќе пронајдете мир и ќе го славите неговиот живот“, „Ви благодариме што го споделивте ова. Голема утеха за сите нас кои доживеавме ваква загуба“, се дел од коментарите под објавата.

За потсетување, Рендал почина во август 2023 година по 3-годишна битка со амиотрофична латерална склероза (АЛС), прогресивна невродегенеративна болест која влијае на нервните клетки во мозокот и ‘рбетниот мозок кои ги контролираат доброволните движења на мускулите.

Лек за оваа болест сè уште не е пронајден и не постои ефикасен третман за да се запре нејзината прогресија.

Моделот кој подоцна стана фотограф 8 години се забавуваше со Сандра и ѝ помогна во одгледувањето на нејзините две деца.

„Брајан рано одлучи да ја задржи неговата борба со АЛС во тајност, а ние што се грижевме за него дадовме сè од себе да го испочитуваме неговото барање“, изјавија неговите најблиски за „Page Six“ по неговата смрт.

„Ние сме исклучително благодарни на неуморните лекари кои заедно со нас се грижеа за оваа болест и на неверојатните медицински сестри кои станаа наши цимери, честопати жртвувајќи ги своите семејства за да бидат со нашите“, додаа тие.

фото:Instagram printscreen/ sandra.bullock.official

Останати вести од Радио Милева