Сандра Булок (59) наводно ќе се упати на Бахамите за да ја шири пепелта на нејзиниот покоен партнер Брајан Рандал на местото што ги обележа нивните животи.
– Местото беше толку посебно за нас двајцата. Го зазедоа целиот остров за да бидат тоа што се. Тоа беше место каде што споделија некои од своите најсреќни моменти со своите деца и пријатели – велат извори, а пишува Дејли Меил.
-Таму би поминале недели. Има многу причини и смисла да се збогуваме со него овде – додава изворот.
Бахамите се местото каде парот реши да ја прослави својата љубов, а таму одржаа неформална церемонија на која размениле завети пред семејството.
Иако церемонијата не била легална, тие сакале да им покажат на децата дека нивната врска е вечна.
Да потсетиме, Сандра и Брајан од 2015 година беа во врска, но љубовта никогаш не ја озаконија со брак.
– Тој е моја љубов и не ми треба брак за да го докажам тоа – изјавила тогаш, сметајќи дека не и треба хартија за да се посвети на партнерот и да биде добра мајка.
– Никој не треба да ми каже да бидам присутна во најтешките моменти – изјави еднаш Сандра. Актерката направи професионална пауза пред околу една година за да се посвети на семејството, а кариерата ја остави настрана откако се разболе партнерот.
Фото: Принтскрин/Профимедиа