Сандра – Африка изминатиот викенд отпатува во Црна Гора на море, каде ужива и ги полни батериите за новите естрадни дострели.
Во танга бикини остим за капење таа самата секојдневно објавува фотографии на Инстаграм, но папараците на српски Курир ја фатија сексапилната пејачка во сосема поинакво издание.
Имено, џепната убавица се бакна, иако во образ, и прегрна момче непознато за јавноста, во чие друштво помина еден ден на плажата во Улцињ.
Како што се дознава, наводно тоа е пријател на Сандра, бидејќи откако ја раскина врската со фудбалерот Владимир Волков, направи љубовна пауза во емотивниот живот. Од приложеното би можело да се заклучи дека таа претпочита машко друштво, а за што сведочат и фотографиите, како и одличното расположение на пејачката.
Сандра – Африка во духот на својот прекар, „жешка“ како песокот на плажата по танга бикини постојано ги шеташе бујните облини, кои дојдоа до израз во костимот за капење, па внимание и воздишки на сите машки на плажата не изостанаа, а речиси и сите погледи беа свртени кон неа.
Но, Сандра не обрнуваше внимание на тоа, иако неколку пати ја обиколи плажата, рекламирајќи го своето извајаното тело сосе сите атрибути.
Фото: Курир.рс