Балканот вчера беше шокиран од смртта на легендарниот српски актер Жарко Лаушевиќ кој почина на 63 годишна возраст по кратко и тешко боледување. Социјалните мрежи се преплавени од објави со фотографии и моќни и автентични изјави од Лаушевиќ, кој во својата некоку децениска актерска игра и значајни улоги, достигна слава од која беше уважуван и почитуван пошироко.
ТВ водителката Сања Савеска се потсети на нивна средба за една негова посета на Скопје за премира кога таа го интервјуираше. Токму тој момент кога работеше на друга телевизија и сосема друг проект, Сања имаше прилика да го запознае големиот Лаушевиќ од кого за жал како последен спомен и остана само тој. Емотивна и инспиративно поттикната за жал од неговата загуба таа напиша:
“Денес не вредиш ако немаш пари. Денес сите ти ја вртат главата ако од тебе немаат корист. Денес многумина ја менуваат љубовта за пари. Денес си јаден и смешен ако си добар. Денес си глуп и наивен ако си искрен. Денес не вреди ако си човек. Затоа што денес најдобро поминуваат скотовите, додека добрите страдаат”! – Жарко Лаушевиќ
Немојте да се менувате за да ве почитуваат, сликајте се баш какви што сте, во истите комбинации по сто пати ако треба, на било кое место каде во моментот се чуствувате вистински среќни, сами средете се, не мора да плаќате стилисти, бидете добри, искрени,помагајте, живејте го животот за себе, не за другите, не за Инстаграм…Бидете искрени со себе! Не им давајте значење на материјалните работи! Живејте за љубов!
Да ставиме заедно крај на лажните совршенства!, ја опиша Сања една од своите фотографии, а потоа од своите „стори“ објави го сподели споменатото интервју на Лаушевиќ од Скопје.
-Ми беше чест што имав можност да го запознаам Жарко Лаушевиќ. Исклучителен човек, верувам дека сега ќе го пронајде својот мир и спокој. Почивај во мир легендо.
За потсетување, пред речиси еден месец во преполната сала на МТС се одржа премиерата на филмот „Хероји Халиарда“. Белградската публика не ги штедеше дланките кога главните протагонисти им се поклонија, а со овации беше награден и Жарко Лаушевиќ.
фото: Инстаграм принтскрин