ТВ водителката и домаќинка на кулинарското шоу „Брза кујна“ на крајот од месец август реши да фати доцен летен одмор заедно со саканиот, неврохирургот Томи.
Сања и Томи си дадоа пауза од работа и повеќе време за себе, па заминаа правец море.
View this post on Instagram
Убавата Сања навикнавме да ја гледаме стокмена од глава до петици пред камерите на Сител, па разголувањето на плажа беше момент кој не е чест пред очите на јавноста од Инстаграм профилот на Сања.
Таа е вистинска дама, која дури и кога треба да покаже повеќе кожа, избира не така провокативни костими за капење, па суптилноста и мистичната женственост се секогаш нејзин попратен елемент од визуелниот израз.
Како и повеќето свои колешки и таа заплови во инфлуенсерските води, па овој нејзин одмор го искористи да презентира и креми за сончање.
Мора да се признае дека иако е речиси на средината од петтата животна деценија, ретко кој би и дал 43 години на Сања која таа нема намера да ги крие.
Полни со екстра љубов, позитивна енергија, витамин Д , Сања и саканиот назад во реалноста, таа пред камери, а тој во бел мантил.
фото:Инстаграм принтскрин/Сања Савеска