Радио Милева од поинаква перспектива

Сања Барби редовно пее во кафеана, а овој пат таа се најде од спротивната страна: Пејачката уживаше кај една од српските легенди (фото) 

Сања Барби редовно пее во кафеана, а овој пат таа се најде од спротивната страна: Пејачката уживаше кај една од српските легенди (фото) 

Естрадните уметници освен што може да си бидат конкуренција едни на други можат нешто и да научат од поискусните колеги,  особено од некои кои денес важат за големи музички имиња.

Македонската фолк пејачка Сања Цинцева – Барбика овој пат го направи токму тоа и ги фасцинираше нејзините фанови од поинаква перспектива, па наместо некоја секси фотосесија на која го покажува нејзиното тело со бујни  облини или додека пее пред публиката таа ги изненади со нешто сосема друго.

Имено, атрактивната струмичанка сподели дека заминала во Белград, па само онака случајно или со повод уживала во кафеана.

Барби која е доста актуелна и во соседна Србија каде имаше низа гостувања, а сними и неколку песни на српски јазик  но овој пат  наместо со микрофонот в рака, таа била од спротивната страна во публиката и се забавувала додека пеела фолк ѕвездата Весна Змијанац.

Освен што  уживала во атмосферата, таа сето тоа и го снимила за да го сподели со нејзините следбениците на социјалната мрежа Инстаграм каде што е мошне активна.

На видеото се гледа преполната кафеана како игра и пее во добро расположение заедно со Змијанац, а Барби веднаш ја вклучила камерата за спомен од овој весел момент додека Весна ги редела нејзините хитови.

Фото: printskrin/instagram/sanjacincevaa

To top