Популарна пејачка, Илда Шаулиќ, најави голем проект кој го подготвуваше од минатата година.
Имено, во чест на нејзиниот покоен татко, кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, таа реши повторно да отпее дел од неговите песни и да им подари нов аутфит.
Првата песна од овој проект беше објавена неодамна, по повод петгодишнината од смртта на Шабан, а Илда од посебни причини одлучи да биде „Не плачи, душо“.
Таа сега откри се за песната, нејзините планови, а најави и посебен албум со неговите песни.
– Имав посебен однос со татко ми… Тој секогаш имаше поинаква приказна со мене отколку со другите деца. Можеби затоа што решив да тргнам по неговите стапки.
– Со тоа ќе се занимавам во иднина. Ова е само една песна која ја објавивме како најава, а за септември планираме албум. Еден албум сигурно нема да биде доволен за да ги собере сите негови песни како што јас сакам, но полека…Никој нема да го прави тоа што го правеше татко ми.
– Не плачи душо” мораше да се објави сега… За симболика ја избравме петгодишнината од неговата смрт. Таа има посебна порака, многу ми се допаѓа таа песна – рекла Илда, а потоа прокоментирала како семејството реагирало на нејзината идеја да ги обработува песните на Шабан:
– Семејството беше малку исплашено… не се мешаа… Тогаш во еден момент се исплашив и сакав да се откажам. Сега сум горда, а исто така и моето семејство.
Пејачката проговори и за немањето поддршка од одредени луѓе по смртта на Шабан, што најмногу ја повредило нејзината мајка!
– За неа беше разочарувачки што некои луѓе и го свртеа грбот по смртта на татко ми . И сега може да ми каже дека и е тешко што не и ѕвони телефонот, никој не и се јавува барем на кафе од сите тие луѓе што биле многу добри со нив. Мене тоа не ме потресе, но неа ја потресе. Нема да ги именувам секако… Само во тешки ситуации сфаќате какви луѓе се тие, но правите некаква чистка во вашиот живот и тоа е природно. Така бев и јас, отсекогаш сакав да имам големо друштво, ги земав со мене, а потоа сфаќаш дека многу се таму само за интерес… На крајот сами се разотидоа, ништо не направив јас се се случи природно – заклучила таа.
Фото: printskrin/instagram/ildasaulic