Популарното трио „Само Тони и 2 жени“, кое го имаше најдобриот сценски настап на годинашниот „Макфест 2017“, има претпразничен подарок за нас, а тоа е одличната преработка на песната „Шуруп“ , тема од некогаш популарното забавно-хумористично „Дуо трио“. Како што вели Тони, овој проект чекаше 4 години за да биде објавен, па денешната премиера ни доаѓа како одличен начин за загревање за претстојните празници.
Рецептот: „лоша теткица“ + само Тони + „докторка“ = нов „Шуруп“ се покажа како одлично заокружување на оваа успешна година за триото!
Освен стариот „Шуруп“ на нов рецепт, Тони, Маца и Тина Ви ги честитаат претстојните новогодишни и божиќни празници и со симпатични фотографии, за кои се погрижи Иван Ристов / Николенко.