„Не ме оставаш да спијам“ е насловот на новата песна на популарното трио „Само Тони и две жени“ која деновиве беше претставена заедно со текстуалното видео.
Автор на песната е Антонио Ристески или Само Тони, кој го потпишува и аранжманот, а музиката и стиховите му се заеднички со „едната од женаите“ – Марија Докузова.
Сето тоа е снимено во студиото на Димче Китрозоски, „КитрозОн студио“, а како звучи најновото од Тина, Маца и Тони и која однив две не го остава да спие, дознајте во продолжение.