Радио Милева
верност како дијагноза...

Само таа може да има вакви обожаватели: Опсесивно-манијакално опседнати фанови секаде со Сани, по скопските меани и кафеани (ФОТО)

Само таа може да има вакви обожаватели: Опсесивно-манијакално опседнати фанови секаде со Сани, по скопските меани и кафеани (ФОТО)

Македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска е една од ретките која има своја стандардна публика, своја постојана клиентела која ја следи насекаде каде што пее, а истата од ден на ден се повеќе се зголемува… Како што растат и нејзините „тезги“ и настапи по најпознатите и најелитни скопски меани и кафеани, но и надвор од македонската престолнина.

„Нема журка без Сани“, е веќе вообичаена фраза која можете да уја слушнете доколку посакате некаде да се забавувате со жива музика, се разбира онаква каква што атрактивната кумановка изведува и пее, а тоа најчесто се македонските ибсрпките, воопшто балканските народњаци, но и по некоја забавна тема во веселата ноќна или дневна шема, сеедно.

„Аfter work party“ или вечерна забава, Сани е кралица на ноќната шема и делници и празници… За семејни веселби, прослави и свадби и да не говориме. Кој бил знае, кој не знае, ќе дознае, како што еден задоволен младоженец на кој таа му пеела, по свадбата на шега изјавил: „Толку беше добра, што ми иде два пати да се женам“ , па  тукушто венчаната сопруга за малку ќе го оставела.

Но, шегата на страна, Сани Гроздановска е исто така уникатна по уште една работа кога е во прашање нејзината публика – верноста кон пејачката, која верувале или не, преоѓа во своевидна… „дијагноза“!

Имено еден од нив и го пратил написмено напишано, а Сани го сподели на своите Инстаграм приказни, како тој ја доживува својата омилена пејачка, како еден од најверните нејзини фанови кој секаде ја следи по скопските меани и кафеани, одејќи да се забавува каде што таа настапува.

Да беше Сани наместо пејачка – лекарка, а тој пациент, дијагнозата ќе гласеше: „Опсесивно-манијакална опседнасот“… Вака, само чиста верност и преданост, со максимална посветеност и посетеност на нејзините настапи.

Колку и сето ова да делува шеговито, велат во секоја шега има и половина вистина… Од приложеното барем тоа лесно може да се установи, зашто само Сани Гроздановска може да има вакви фанови!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SANI live (@sani.grozdanovskasanja)

Фото: Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja

Останати вести од Радио Милева