На 18 септември започнува новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а во жирито наместо Јелена Карлеуша ќе биде Цеца Ражнатовиќ.
Продукцијата ја објави најавата за првата емисија, а во неа водителката откри во какви односи е со Александар Милиќ Мили.
„Јас и Мили разговараме бидејќи сме цивилизирани луѓе. Од друга страна, ние сме на суд, ништо лично“, изјави Цеца.
Саша Поповиќ ја праша зошто ја прекинале соработката, а Цеца запеја стих од нејзината песна „Ночас куча части“.
„Должен си ми брдо пари, за добрите времиња, но Цеца секогаш части“, одговори Ражнатовиќ, а како ќе реагира Мили останува да видиме во првата емисија која започнува оваа сабота.
Во продолжение погледнете ја најавата.
фото: дамир дервишагиќ/принтскрин/јутуб