Радио Милева смешки

„Само се свртев и побегнав“: Сека Алексиќ откри каков блам направила за кој и денес се смее со солзи

„Само се свртев и побегнав“: Сека Алексиќ откри каков блам направила за кој и денес се смее со солзи

За животот на Сека Алексиќ често се пишува, а по еден настап пејачката го опиша својата најголема бламажа во последните пет години.

Имено, тоа се случило на паркингот, кога помислила дека млад човек краде раткапни од гумите на нејзиниот автомобил.
– Бев во трговскиот центар и го паркирав автомобилот во близина на влезот, но заборавив на кој кат се паркирав. Кога ќе завршив со се’, излегувам и доаѓам до колата мислејќи дека е моја. Гледам момче како се обидува да ја тргне раткапната – започна Сека.

После тоа, пејачката изјавила дека дури му се обратила на момчето за кое се сомневала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)

– Извикувам: „Што правиш?!“ Вели: „Ништо, гледам коли, сакам коли“, му спомнувам дека ги симнува раткапните, вели дека не го прави тоа и да прашам некој Никола бидејќи го знае тоа.Гледам и гледам дека тоа не е моја кола и само велам: „Па што ако не е моја кола, не допирајте ги капачињата“ – додаде Сека.

Откако сфатила дека тоа не е нејзин автомобил, таа вели дека само побегнала и почнала да вреска од смеа.
– Бегам и врескам од смеа. Сфаќам дека не е моја кола, ниту тој кат, и сега размислувам кога ќе дојде тој возач и кога ќе му кажат дека Сека Алексиќ му ја бранела колата. Тоа е најголемиот блам што го паметам во последните пет години – изјави пејачката.

фото:Insatgram printskrin

To top