Македонската пејачка Татјана Лазаревска веќе неколку години не живее во Македонија, но пред некој ден таа се врати во родниот крај каде што ќе остане три месеци.
Лазаревска заедно со својот сопругот и синот пристигна во Скопје, па веднаш од скопскиот аеродром сподели фотографија и ги извести своите пријатели дека е тука.
Изгледа дека пејачката не пристигнала без причина. Па, по неколку дена одмор таа се фрли на неколку активности.
На својот Фејсбук профил Татјана сподели видео од студио каде што позира за нова фотосесија. Во елегатен фустан, шминка и фризура Татјана позираше пред камери.
Целиот тим и помагаше на пејачката да се намести и да изгледа најдобро во новата фотосесија. Таа ги слушеше инструкциите на своите соработници, па се месетеше во пози на кои најдобро ќе иа фотографиите.
Пејачката доби само пофални зборови за својот изглед.
Еве како изгледаше Татјана додека позираше пред камерите.
фото:принтскрин/фејсбук