фановите на серијата „Сексот и градот“ не можеа да се помират со фактот дека ликот на Саманта Фокс или актерката Ким катрал нема да се појавува во новото продолжение. Тоа се слули, но само со минутно блиц појавување. Сега актерката откри кој е виновникот за тоа да се оствари повторно.
„Мојот идол отсекогаш била мајка ми. За мене, жена во моите 60-ти, мислам дека најголемиот предизвик е да продолжам да бидам релевантна, да продолжам да работам, да имам што да кажам, изјави актерката Ким Катрал откривајќи зошто ја прифатила улогата во втората сезона на популарната серија „Сексот и градот“ и кој ѝ бил најголем поддржувач.
Станува збор за нејзината мајка, Гледис Шејн Бах, која ја охрабрила да се врати ѝ да ги израдува фановите.
View this post on Instagram
„Иако мајка ми никогаш не можеше да се поврзе со работа што ќе ја направи среќна, таа долго време беше депресивна и сама, но никогаш не го изгуби духот. Тоа е нешто што ми го пренесе. Благодарна сум и што ме научи да се залагам за себе и да не дозволувам другите да го контролираат мојот наратив. Тоа е многу важна лекција за младите жени“, рече Ким.
Актерката Ким Катрал во улогата на Саманта во втората сезона на серијата „Сексот и градот“ иако се појави само за кратко, за неа се зборува со денови. Првично ја одби понудата на HBO, а причина беше односот со Сара Џесика Паркер.
View this post on Instagram
Ким поставила различни услови од оние на колешките, па уште тогаш се појавиле тензии меѓу нив. Оттогаш двете не се во добри односи, но новата сезона на серијата не можеше да помине без нивното пријателството.
фото:HBO Max / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia/Instagram printskrin