Ким Катрал не престанува да плени со својата пркосна сексипилност и кул ставТаа во август го прослави својот 66-ти роденден.
‒ Удобно шетам низ седмата деценија. Го знаете она чувство кога ја средувате куќата и ги исфрлате старите работи што повеќе не ви се потребни, па сè е свежо и чисто? Долго време носев тежок товар со себе и сега конечно се ослободив од него. Полесно се дише, има повеќе простор – објаснила познатата Саманта.
По три неуспешни брака и бројни лоши врски, Ким конечно го најде својот господин ѕвер, 14 години помладиот Томас Расел.
‒ Вредеше да го чекам. Тој е вистинска петарда. (се смее) И тоа е совршено за мене. Никогаш не сум била посреќна – изјави таа еднаш за магазинот „People“.
Ким и Томас се појавија на наградите во Лондон, што беше големо изненадување, бидејќи актерката долго време избегнуваше јавни настани.
фото: Guliver Getty Images