Една од најзгодните, најубавите, а Бога ми и наједуцираните македонски поп пејачки, сексапилната Симона Попоска, покрај музиката сиве овие години паралелно успешно ја градеше и својата кариера во лекарската професија. Згодната охриѓанка не го запостави ниту приватниот живот, па покрај музиката и специјализацијата на една од скопските клиники, неодамна стана и официјално од госпоѓица стана – госпоѓа.
Кога е музиката во прашање пак, таа заедно со познатиот ДЈ и радиоводител од Антена 5 радио – Ерик Фокс, го сочинуваа дуото „Ѕound messengers“. Арно ама како стојат работите, последните гласини врзани за „звучните гласници“ велат дека Симона по се изгледа остана без својот долгогодишен партнер! Неее… не, е во прашање оној од нејзиниот приватен живот – с краја да е!
Последните најави за настапите на „распеаната докторка“ покажуваат дека зад ДЈ-скиот пулт наместо ДЈ Ерик Фокс, сега стои друг човек – ДЈ Мицка!
Дали докторката ја надитри „лисицата“ па Кире (Ер-иK) мораше да се повлече, како во песната: „Симона, ти признавам играва е твоја…“ или обратно: Ерик ја прати Симона – дома заради некакво недоразбирање помеѓу нив…?!? Или можеби има нешто трето, па ДЈ Мицка е само моментална замена на ДЈ-ската позиција… ќе видиме наскоро!
А види каква „коинциденција“… Токму последната песна на згодната пејачка случајно или намерно и носи наслов: „Сама“!!!