Промотер

Сале и С.Р.В. со својот „Мост“ до среќата… (ВИДЕО)

Сале и С.Р.В. со својот „Мост“ до среќата… (ВИДЕО)

Разголени згодни девојки, русокоси секси убавици, мотори, свирка крај огнот и полнокрвен чист македонски рок ен рол…

Тоа го нудат Сале – рокер (Сашко Андриески) и неговите С.Р.В. во новата музичка тема насловена „Мост“, која несомнено не само што е неговото најзрело остварување до сега, туку има и најдобра визуелизација од сите досегашни песни и видеата за нив на Сале.

„Мост“  во себе содржи пред се бескромпомисна рок свирка, цврст базичен  рок ен рол со хард рок елементи и текст чии стихови кореспондираат со модерното време на лажни вредности во кое живееме.

Приказна за животот во кој сите сме на работ на „пукање на филмот“ од товарот кој го носиме на плеќи  во безнадежното секојдневие, како марионети чии конци ги трга некој друг…  Некој, кому сме му во служба без да бидеме свесни и немоќни да најдеме излез од „маѓепсаниот круг“ на животот во оковите на заблудата.

Музиката, текстот и аранжманот се на Марко Павиќ, од групата „Анализа на умот“ од Франкфурт. Препевот на стиховите го направија самиот Сале и стариот, проверен македонски текстмејкер, Огнен Неделковски.

Песната е снимена во студиото „ДРД Медиа“ на Драган Ристовски, продукција која го потпишува и снимањето на видеоспотот. Како специјален гостин кој ги свири гитарските делници во „Мост“ се појавува гитаристот на групата „Морал“, Ивица Јордановски.

Како звучи и изгледа нивниот „Мост“ до среќата проследете во продолжение:

 

To top