Радио Милева и на одмор мислат на заработување

Сакат да си ја обезбедат иднината: Брена и Боба почнуваат бизнис на Малдивите?

Сакат да си ја обезбедат иднината: Брена и Боба почнуваат бизнис на Малдивите?

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ наводно започнуваат нов бизнис на Малдивите.

Пејачката и познатиот спортис отпатуваа на овој остров и наводно добиле идеја за нов бизнис. Имено, наводно тие сакаат да купат неколку апартмани и да ги издаваат.

„Боба е човек кој само размислува за бизнис, па дури и кога е на одмор. Тој видел две куќи на вода и кажал на својата сопруга дека би било убаво да ги купат. Дури не прашал за цената, а веќе се испланирал.

фото: Дамир Дервишагиќ

Бидејќи се дружат со многу моќни луѓе, тој претпоставува дека ќе има многу клиенти од Балканот“, вели извор на познатиот пар.

Тој додава дека со сопругата ги разгледале тие апартмани и дека многу им се допаѓа.

„Се сретнаа со сопственикот на тие куќи. Тој им кажал дека ќе има додатни апартмани на плажа кои планира да ги продаде. Боба бил многу заинтеренсиран за таа идеја, но Брена се мисли“, вели изворот.

фото: Инстаграм

Според тврдењата, Брена не е сигурна дека им треба друг бизнис.
„Брена мисли дека веќе имаат доволно бизниси и дека убаво живеат, Боба размислува однапред. Тој вели дека треба да ги обезбедат внуците и правнуците. Тој се труди да ја убеди Брена да ги купат куќите, па така освен тоа што ќе заработат, ќе може и самите да доаѓаат на Малдивите“, вели изворот.

Брена и Боба не се огласи по тој повод.

To top