Радио Милева
изгуби бројни следбеници

Саканата на Роналдо наиде на бес и осуда од јавноста: „Порасни и читај повеќе, те молам!“ (фото)

Саканата на Роналдо наиде на бес и осуда од јавноста: „Порасни и читај повеќе, те молам!“ (фото)

Џорџина Родригез објавила фотографии на својот Инстаграм профил од прославата на 6-от роденден на близнаците Ева и Матео кои Кристијано Роналдо ги доби со помош на сурогат мајка.

Меѓутоа, нејзината објава наиде на бес и осуда од јавноста, а нејзините следбеници го осудија ваквото однесување на популарната инфлуенсерка.

Имено, на првата фотографија која Џорџина ја објавила во низата таа позира во краток, тесен бел фустан.

Потоа објавила неколку фотографии на кои позира со славениците, Роналдо и останатите деца.

За крај, таа споделила и фотографија на која се пофалила со луксузен часовник и скапоцени прстени.

„Не ми е јасно зошто на фотографиите од роденденот на вашите деца покажуваш Х часовник со Х вредност“, „Никој не сака да го гледа твојот задник, накит или твојата тетоважа… Ништо од накитот не си заработила сама. Порасни и читај повеќе, те молам. Не биди толку површна“, „Смешна си, на децата им е роденден, а ти сакаш да бидеш во прв план“, се само некои од стотиците негативни коментари.

За потсетување, по документарецот на „Netflix“ за нејзиниот живот во кој Џорџина се фали со луксузниот начин на живот, инфлуенсерката изгуби бројни следбеници, а шпанските медиуми пишуваа и дека нејзината врска со Кристијано е во криза бидејќи го занемарува семејството.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева