Роденденот е ден кој го чекаме цела година. Некои му се радуваат повеќе, некои помалку без разлика на возраста но, кај сите буди убаво чувство дека токму тој е наш посебен ден.
Честитките со убави зборови и желби, прегратки и бакнежи се дел од роденденската атмосфера кои славеникот ги доживува. А на славеникот на тој убав посебен ден меѓу другото му следуваат и подароци. Повеќе или помалку вредни најважни се оние кои се искрени и од срце.
По тој повод македонскиот поп пејач Александра Белов вчера позираше пред роденденската торта заедно со неговата ќеркичка и неговата сопруга.
Дека пејачот ужива во семејниот живот и е најгорд татко потврдува и фактот од минатата година кога токму на неговиот роденден ја објави првата фотографија и ја покажа неговата најсакана, која тогаш ја именуваше како најубавиот животен подарок.
Иако пејачот до денот кога стана татко не откри дека очекува принова, ниту дека неговата сопруга е бремена.
Овој пат пејачот на социјалните мрежи објави фотографија со наследничката како ја држи во раце и позира пред тортата на која има принт со суперхерој и свеќичка со број 36.
Додека пак на објавата пишуваше „Сакајте го оној кој ви подарува повеќе од самиот подарок“ – искрен, емотивен и задоволен со насмевка и полна прегратка изјави Белов на неговиот „Инстаграм“ профил.
Македонскиот пејач Александар Белов живее и работи во Србија поточно во Крагуевац, а со неговата сопруга Јелена минатата година се остварија во улогата на родители и ја добија нивната наследничка Мина.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Александар Белов