Поради здравствената состојба на нејзините родители, Шакира на одредено време ја одложи преселбата од Барселона, а пред два месеци со синовите Милан и Саша успеа да се пресели во Мајами. Пејачката Шакира е многу блиска со родителите и не дозволува да им недостига „ни влакно од косата“.
Колумбиската пејачка Шакира сега на социјалните мрежи ѕвездата сподели нежна фотографија со нејзината мајка. На фотографијата 46-годишната пејачка седи во скутот на Нидија дел Кармен Торадо. Пејачката е облечена во црно-бела маица со пруги и сини фармерки, додека нејзината мајка е облечена во беж блуза и бело здолниште.
„Да, на мои години и сè уште седам во скутот на мајка ми“ напиша во описот на фотографијата.
View this post on Instagram
За само неколку часа објавата на пејачката собра повеќе од милион лајкови и илјадници воодушевувачки коментари.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ројтерс