Во месец септември 2018 година, пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски станаа родители за првпат.
На свет дојде плодот на нивната љубов – малата Илина која сега има две ипол години и е центарот на нивниот универзум.
Сара во доста интервјуа за домашните медиуми изјави дека мајчинството ја променило многу, а денот и е така организиран што кога завршува со работните обврски, го исклучува телефонот и е резервирна само за Илина.
Времето лета, децата си растат, а мама Сара и тато Димитар секојдневно на социјалните мрежи објавуваат како расте нивната наследничка, нејзините палавости, игрите со кучето Атос, љубовта кон музиакта од мали нозе…
Овој пат Сара го покажа домашниот детски рај на малата принцеза во кој преовладува розовата боја, а најново меѓу деталите е виножитото кое на ѕидот го наслика нејзината кума.
Сара се пофали со ова уметничко дело кое сигурно најмногу и се допадна на малата Илина, а очигледно кумата ја освои и мама која сакаше ова да го покаже пред своите бројни следбеници на Инстаграм.