Џорџина Родригез го прослави својот 29-ти роденден во луксузен ресторан во Ријад, но забавата и ја расипа нејзиниот свршеник, фудбалерот Кристијано Роналдо.
„Наполнив 29 години опкружена со луѓе и мали луѓе кои ги сакам со целото мое срце. Неизмерно сум му благодарна на Бога за се’. Ви благодарам на сите што одвоивте малку време да ми честитате и да ми испратите многу љубов“, напиша славеничката на Инстаграм.
View this post on Instagram
За оваа специјална пригода, Џорџина избра тесен бел фустан кој ги истакна нејзините раскошни облини. Била опкружена со семејството и пријателите, а светските медиуми објавија дека таа и нејзиниот вереник не влегле заедно во ресторанот. Прва пристигна роденденската девојка со децата и со сериозен израз на лицето, што укажуваше дека нешто не е во ред.
Georgina Rodríguez se dirige a un restaurant, junto con sus hijos y Cristiano Ronaldo para celebrar su cumpleaños 29 en Riyahd 🇸🇦 pic.twitter.com/BlYVEf2hPo
— Blue (@BlueboyCR7) January 28, 2023
Тогаш фудбалерот пристигна со своите пријатели. Ова очигледно и пречеше на убавата Џорџина бидејќи Роналдо беше во центарот на вниманието, сите го фотографираа, додека таа остана во втор план.
Инаку, свршеницата на Роналдо се уште не открила што ѝ подарил славниот фудбалер за роденден.
фото:Инстаграм принтскрин/Твитер