Свршеницата на славниот фудбалер Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, се почесто ги возбудува своите следбеници со провокативните објави на својот Инсатграм.
Овој пат, на најновите фотографии таа позира на јахта во хеланки и топ маичка додека прави шпага. Деке е ултра еластична е повеќе од јасно, а позите ја разбудија фантазијата на посилниот пол.
„Помеѓу морето и небото“, напишала Џорџина покрај објавата.
Таа позира како вежба јога во сина спортска опрема на луксузната јахта во близина на Мадрид.
Родригез објави уште неколку фотографии на Инстаграм „стори“ на кои што се растегнува.
За објавата на која што прави шпага доби многубројни комплименти, но и повеќе од еден милион лајкови за само три часа.
„Wow, Роналдо е вистински среќник“, „Убавица“, „Ти си причината што Роналдо постигнува многу голови“, „Толку си убава“, „Кралица“, „Брутално“, се само дел од коментарите под објавата.