Актерот Џејсон Момоа, „Аквамен“ и ѕвездата на серијата „Игра на тронови“, со години е во складна врска со актерката Лиза Бонет.
Лиза е позната актерка, но ја знаат и по бракот со рокерот Лени Кравиц, со кого ја имаат и 29-годишната ќерка Зои. Со Џејсон се во врска од почетокот на 2005 година и имаат две деца. Иако се сомнева дека двојката била во брак уште во 2007 година, официјално се венчале во октомври 2017 година.
Ако сте мислеле дека помеѓу Лени и Џејсон има „зла крв“, ептен сте се излажале. Тие се согласуваат толку добро, што Џејсон тоа уште еднаш неодамна го потврди на Инстаграм. Тој објави заедничка фотографија со Лени и се пофали дека на музичарот му купил прстен во облик на прстенест череп, каков што тој и самиот носи.
„Денес јас и Лиза сме најдобри пријатели. Денес сме едно големо, среќно семејство, во кое Зое е најважната“ – порача во една прилика славниот музичар.