Мегафон Тина Тарнер се враќа

Рок бабата и на 78 години ќе снима филм

Рок бабата и на 78 години ќе снима филм

По долги години, еден интересен проект ја приморал славната Тина Тарнер повторно да се појави на сцена. Имено, уредничката на мјузиклот “Мама Миа”, Филида Лојд пред извесно време прифатила да работи на еден сериозен проект.

Ова не е прв филм наменет за Тина Тарнер. Нејзиниот живот еднаш бил прикажан во 1993 година во биографскиот филм “What’s Love Got To Do With It”. Глумцата Анџела Басет ја глумела Тина, а во новиот мјузикл Адријан Ворен ќе биде новата Тина.

Лојд тврди дека светската дива ќе ја претстави точно како што кажува нејзината песна Едноставно најдобра (“Simply The Best”).

Премиерата би требало да се одржи следната година во Лондон, а името на мјузиклот ќе биде: “The Tina Turner Musical”. Поради овој проект, Тина ќе се врати од пензија, кога во 2010 година се одлучила да стави крај на нејзината кариера и се преселила во Швајцарија.

“Не го сакав тоа, но добивав премногу писма од фановите дека морам да се вратам барем на кратко”, вели рок бабата.

извор:точка.мк

To top