Анастасија Ражнатовиќ вчера, 25 мај 2021 год. го прослави својот 23-ти роденден во еден ресторан во Белград, каде ги собра семејството, пријателите и соработниците. Нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ самата го организирала секој детал од гала прославата, за која наводно дебело платила.
Фолк-дивата решила да ја израдува наследничката со голема прослава, што воедно е и нејзин роденденски подарок, и тоа без да жали пари, што беше очигледно од изборот на ресторанот каде што се одржа прославата, па сè до организацијата, роденденските фустани, тортата, огнометот…
Цеца сакала за својата ќерка да подготви изненадување по повод овој посебен ден и да и ја направи таа ноќ незаборавна. Особено затоа што не можеше да прослави минатата година поради пандемијата на коронавирусот. Единствено што требаше да стори Анастасија, беше да направи список на гости и луѓе што сака да ги види на роденденот, а Цеца презеде сè друго во свои раце. Таа не дозволи никој да и се меша во организацијата, почнувајќи од изборот на менито, музиката, па сè до најмалите детали.
Како што се наведува, таа не штедела на ништо, а само изнајмувањето ресторанот чинело многу. Иако бројот на гости не бил голем поради почитувањето на епидемиолошките мерки, пејачката за тоа само наводно дала приближно десет илјади ( 10.000) евра. Тој е еден од најлуксузните локали во Белград, каде маса чини околу сто евра по гостин. Иако членовите на нејзиното семејство, партнерот Богдан Срејовиќ и момчето на Анастасија, Ѓорѓе Кулиќ и понудиле помош во организацијата и сакале да ги преземат барем набавките на пијалоци, Цеца не го дозволи ни тоа. Избрала неколку шишиња шампањ и бело и црвено вино, а за тоа, вели соговорникот, дала нешто повеќе од три илјади ( 3.000) евра. Станува збор за пијалоци нарачани од една од најдобрите винарии, поради што цената им е доста висока.
Гордата мајка сакала нејзината наследничка да изгледа посебно на нејзиниот роденден, па во договор со неа, најмила креатор да и го сошие фустанот. Станува збор за жолт фустан направен по мерка, за кој таа наводно платила две илјади (2.000) евра.
Секако, тортата за роденденската славеничка не беше помалку гламурозна и наводно чинела над 500 евра, додека Цеца за огнометот наводно платила две илјади ( 2.000) евра. Ако се земат предвид и останатите ситници и детали, украси, подароци за гостите, како и бендот што ги забавувал присутните, вкупната сума што наводно Цеца Ражнатовиќ ја платила изнесува дваесет илјади (20.000) евра. Искеширан и организиран роденденден, наместо роденденски подарок за нејзината ќерка.
Извори фото: Информер.рс/ Инстаграм принтскрин/raznatovicanastasija