Вчеравечер во луксузниот хотел „Мирор“ во Скопје, магазинот „Убавина и Здравје“ го прослави својот 14. роденден на која присуствуваа преку 400 гости.
Роденденската забава започна уште во 19 часот, а траеше до полноќ. Гостите ги забавуваа „Попарт бенд“ и Бока Конга & Баже Сакс кои направија одлична атмосфера.
Пред присутните се обрати уредничката на „Убавина и Здравје“, Јована Стојменовиќ која ја отвори вечерта и на присутните им посака да уживаат и да се забавуваат вечерта.
Исто така на почетокот од забавата, магазинот додели 10 награди за општествена одговорност, хуманост и активизам, а помеѓу наградите беа: Фатмир Етеми – ЗСФ КОМ, потоа бизнисменот Владимир Стајиќ, компанијата А1 Македонија, Есенса Македонија, здружението „Љубезност“, Мариа Дуда Дибиаџио, Борче Стаменов со иницијативата „Донирај компјутер“, активистката Дороти Пачкова, Ѓоко Митровски од „Слајс“ и Моника Ризова од Ways2Help.
Инаку вчера присуствуваа и голем број познати личности од јавниот живот, пејачи, водители, новинари, бизнисмени, преставници на компании и уште многу други.
Погледнете уште неколку фотографии како дел од забавата: