Фудбалерот Огњен Врањеш денес се појави во Првиот сосновен суд во Белград каде почна судењето по тужбата која ја поднесе против Карлеуша, додека пејакчата не се појави на споменатото рочиште.
Во моментот додека траеше, Јелена се огласи на Инстграм и објави фотографија од својата мајка Дивна, која почина на 6-ти март годинава, по тригодишната борба со рак на белите дробови.
-Јелена денес не се појави на суд. Приложила посмртница за мајка си и рекла дека тоа е причината поради која нема да се појави на суд. Не поминале четириесет дена откако почина нејзината мајка, така што рочиштето е одложено и закажано за 22-ри април, велат сдвокатите на Врањеш за српски Блиц по излегувањето од судот.