Еден од најпопуларните пејачи Роби Вилијамс неодамна ја отвори душата и призна дека не можел да стане од кревет три години поради страв од отворен простор.
Во периодот кога неговата здравствена состојба била најлоша, а кога бил полн со стравови дека ќе се најде во ситуација во која нема излез, пејачот можел да се откаже од 15 милиони евра од договорот со емисијата „Американски идол“, во која требало да биде дел од жирито.
„Мојот ум и моето тело ми кажуваа дека не треба никаде да одам и дека не треба ништо да правам. Ми велеа само да чекам – па буквално само седев и чекав“ вели изворот.
„Бев агорафобичен од 2006 до 2009 година. Тоа се години кои ги поминав сокриен под ќебе, јадејќи чипс, пуштајќи брада“ вели пејачот.
Меѓутоа, работите се промениле кога ја слушнал својата нова песна „Human by the killers“.
„Кога ќе ги видам отворени вратите, понекогаш знам да се вознемирам“ се стихови на оваа песна, а токму тие го потсетиле Роби да започне со терапија која му помогнала да се врати на сцена.
„Тоа беше кога имав сообраќајна несреќа и морав повторно да научам да одам повторно“ вели Роби.
Агорафобија не е единствено пореметување со кој се борел Вилијам, тој исто така се мачел од телесна дисморфија – состојба поради која се мисли дека нешто му недостига кога станува збор физичкиот изглед.
Вели дека сега дури почнал да има доверба во себе и открива дека клучна улога во неговиот живот имала неговата сопруга Ајда Филд која му помогнала да ја надмине тешката ментална состојба и да се откаже наркотиците.