Промотер

Роберто Поп Димитров ви го преставува својот – „Живот ко филм“ (ВИДЕО)

Роберто Поп Димитров ви го преставува својот – „Живот ко филм“ (ВИДЕО)

Роберто Поп Димитров не е ниту ново, ниту непознато има на македонската поп рок сцена. Некогашниот вокален солист на штипската група „Кентаур“ по нејзиното распаѓање заплива во соло водите, иако рака на срце не така често беше активен на естрадната сцена.

Штипјанецот се појавуваше и на негов терен, настапувајќи на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во Штип, но и надвор од фестивалската сцена одвреме – навреме исфрлајќи понекоја песна како што е случајот и овој пат.

Дека е „стар рокер во душата“, Роберто покажа со најновата песна насловена „Живот ко филм“ која е негово авторско дело кога се музиката и аранжманот во прашање, додека стиховите се на стариот проверен мајстор, непоправливиот лиричар кога се текстовите за естрадата во прашање, прекалениот Огнен Неделковски, кој напишал уште едно текстуално ремек дело. Музички песната потсетува на најблескавите моменти на еден Џибони да речеме, хармоничен поп – рок во кој доминираат одличниот вокал на Роберто и гитарските хармоски рифови кои на темата и даваат мелодичност, простор и хармонска ширина. Како што едни „U2“  да речеме тоа најдобро знаат да го направат.

Песната се појави во етерот и на Интернет, поточно на Јутјуб каналот во последнните денови пред Новата 2021 година, а  ја потпишува неговата „Кентаур продукција“. За жал, песната е визуелизирана со прилично едноставно, ниско буџетно „пет пари“ видео, иако заслужува многу подобар спот, но очигледно и финансиските и сите други познати околности биле какави што биле, па видеозаписот е сведен на она – колку да го има.

Сепак, тоа не ја намалува вредноста и квалитетот на темата „Живот ко филм“, едно од ретките музички освежувања што позитивно можат да ве изненадат, се рабира, доколку сте оној вистинскиот познавач или барем вљубеник во реалните вредности на поп-рок музиката. Особено онаа што се создава кај нас последниве години.

Проследете во продолжение како звучи и изгледа „Живот ко филм“ на штипскиот „Кентаур“, Роберто Поп Димитров:

To top