Радио Милева како подарок добила остров

Роберто Кавали по шести пат стана татко: Наследник му роди 45 години помладата партнерка (фото)

Роберто Кавали по шести пат стана татко: Наследник му роди 45 години помладата партнерка (фото)

Роберто Кавали и Сандра Нилсон го добија своето дете, без оглед на старосната разлика од 45 години.

Модниот дизајнер Роберто Кавали го доби своето шесто дете на 83-годишна возраст со партнерката Сандра Нилсон која има 37 години.

Дизајнерот соопшти дека добил син на кој што му го дале името Џорџо, по својот татко.

„Сандра е добро. Бебето кое е родено пред една седмица токму тука во Фиренца, прекрасно е и беше навистина емотивно да се види веднаш штом се роди. Името му е Џорџо, како и неговиот дедо, мојот татко кој што нацистите го стрелаа во масакрот во Кавиргли“, изјавил Роберто за магазинот „Novella 2000“.

Оваа вест буквално го шокираше светот со оглед на тоа што Роберто од Сандра е постар 45 години.

Роберто со Сандра се забавува од 2008 година т.е. кога таа имала само 23 години додека манекенката се грижела за дизајнерот ден и ноќ со оглед на тоа што тој имал сериозни здравствени проблеми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sandra Bergman (@nilsson_sandra_)

Се шпекулирало и дека Сандра му „менувала пелени“ и дека тој со неа е само за таа да го негува, но сега сите останале шокирани од сознанието дека парот има дете.

Се зборува и дека дизајнерот во знак на благодарност ѝ купил приватен остров на кој се наоѓа луксузна вила со четири спални соби, колиба за лов, базен, терен за голф итн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sandra Bergman (@nilsson_sandra_)

Сандра била манекенка кога го запознала Кавали и од тој момент го восхитила. Дизајнерот со години ѝ купува скапоцени подароци ѝ ја носи секаде со себе, додека јавноста отсекогаш се сомневала во врска со нивната љубов со оглед на тоа што разликата во годините меѓу нив е навистина огромна.

Инаку, Сандра е родена во Шведска, а во светот на модата влегла на само 14 години, а во последните 15 години живее со Роберто Кавали.

Во 2006 година Сандра била прогласена за најубава жена во Шведска додека една година подоцна се појавила на насловна страница на популарниот „Плејбој“.

фото:Инстаграм

To top