Промотер

Роберт Вукелиќ и Дејан Станковиќ во љубовен триаголник за летна жешка авантура – “Безобразно” (ВИДЕО)

Роберт Вукелиќ и Дејан Станковиќ во љубовен триаголник за летна жешка авантура – “Безобразно” (ВИДЕО)

Со потенцијал за да биде вистинско летно музичко освежување на нашата домашна сцена , песната “Безобразно” конечно деновиве добива своја видеопромоција , во која се раскажува интересна приказна за една девојка како блефира и заведува паралелно две момчиња.


Приказната има интересен заплет и убави моменти, а што е тоа што е безобразно, ќе дознаете кога ќе го погледнете видеото.


„Спотот е сниман уште пред да започне корона епидемијата , но се се одложуваше и конечно се решивме да го пуштиме бидејки летото ќе ни помине . Се снимаше во Охрид во еден од најубавите и најатрактивни хотели – „Лаки“, во македонскиот езерски бисер“ – велат Роберт и Дејан.


Текстот е на Дејан и Роберт , музиката и аранжманот се на Гоце Симоноски.  За стајлингот на видеото се погрижи добро познатата Викторија Бурсаќ ,која веќе долг период се грижи за многу познати личности на естрадата и шоубизнисот како кај нас така и во соседството.

Во видеото женската улога на заводничка и припадна на младата, убава, згодна и атрактивна манекенка, Елена Ѓорговска .
„Наскоро може да очекувате и нешто ново, се надеваме дека ќе им се допадне нашата песна на луѓето низ насмевка“ – порачаа Wolf i Deks и ве канат премиерно да го погледнете видеото:

To top