Радио Милева долга лоза

Роберт де Ниро изненади дека на 79 години повторно станал татко: „Само што добив седмо дете“

Роберт де Ниро изненади дека на 79 години повторно станал татко: „Само што добив седмо дете“

Актерот Роберт де Ниро стана татко на седмо дете.

79-годишниот актер го коригирал новинарот на ЕТ Канада кој му се обратил со „татко на шест деца“.

-Само што го добив седмото дете, му рекол Де Ниро, а неговиот портпарол денеска за Page Six потврдил дека актерот навистина станал татко по седми пат.

Името и полот на бебето не се познати.

Не е потврдено ниту која е мајката, но неговата девојка Тифани Чен (64) минатиот месец е фотографирана со труднички стомак.

Ѕвездата на „Такси“ стана татко во 1971 година, кога тој и неговата тогашна сопруга Дијана Абот ја добија ќерката Дрена, која денес има 51 година. Поранешниот пар го има заедно синот Рафаел (46).

фото:Инстаграм принтскрин

To top