Промотер

Роберт Билбилов направи ремикс на хитот на Тамара – „Довидување таго“ (ВИДЕО)

Роберт Билбилов направи ремикс на хитот на Тамара – „Довидување таго“ (ВИДЕО)

Минатогодишниот хит на нашата актуелна евровизиска претставничка Тамара Тодевска, темата „Довидување таго“ сега си доби и ремикс-издание за кое се погрижи самиот автор на музиката – хитмејкерот Роберт Билбилов и неговата Јustrbproduction.

Како и повеќето песни на Тамара, така и „Довидување таго“ е една од највртените на македонските радија, создадена како резултат од соработката и со Игор Џамбазов, чиј потпис стои на стиховите, а сега ја имаме во малку поразиграна варијанта дополнета со видеото изработено од уметничкиот фотограф и режисер Зоран Зонде Стојановски, кое е снимено во Калифорнија.

Ремиксот на овој хит од Билбилов доаѓа по рефрешираните верзии на неговите постари хитови „Избриши ги ти солзите“  и „Сега јас сум на ред“, изведени во латино стил од Александар Тарабунов и Барбара Поповиќ.

Како што е познато, Роберт е дел од авторскиот тим и на евровизиската „Proud“, со која Тамара следниот месец ќе ги брани боите на нашата земја во Тел Авив – Израел.

И додека чекаме да нè почести со нова песна, дотогаш можете да уживате во ремиксот на „Довидување таго“ и видеото за неа во продолжение.

To top