Ристе Ристески стана препознатлив и популарен по учеството во „Ѕвездите на Гранд“, каде публиката во 2017 година го прогласи за победник. Потоа, талентираниот охриѓанец сними неколку песни за „Гранд продукција“ и храбро зачекори кон врвот, но поради пандемијата на корона вирусот беше принуден да го забави темпото, а со текот на времето како да го снема од сцената.
Како последица на стресниот и напорен период на пејачот почнала да му паѓа косата. Затоа неодамна отиде во Истанбул каде му беше пресадена коса, а за „Гранд онлајн“ откри зошто решил естетската интервенција да ја направи во турска клиника.
View this post on Instagram
Тој за „Гранд онлајн“ откри како поминала трансплантацијата на коса, сподели серија нови фотографии и го покажа резултатот по трансплантацијата.
– Пред точно една недела направив трансплантација на коса, а пред речиси две години почна да ми паѓа косата. Сакав само да ја заштитам со оваа интервенција. Прво почна да опаѓа косата во предниот дел, а само мал дел пресадив, а остатокот го заштитив, бидејќи постои можност еден ден да почне да паѓа и во задниот дел – објаснува Ристе, а на прашањето дали тој добил препорака од некого за клиника во Турција, одговара:
– Да, таа е една од најдобрите клиники за трансплантација на коса во Истанбул и затоа ја избрав.
Иако штотуку ја направил интервенцијата, промената е повеќе од очигледна, но првите резултати ќе ги види дури за неколку месеци.
– Искрено, презадоволен сум. Се помина добро и веќе ја гледам разликата, иако се потребни пет до десет месеци за да се опоравам, односно за тоа време ќе го видам максималниот ефект. Потребно е време за се да се опорави – изјави победникот на „Ѕвездите на Гранда“, кој јавно го покажа резултатот и истакна дека трансплантацијата делумно влијаела на неговата самодоверба.
– Тоа не ми значи многу во однос на самодовербата, но сакам да си ја средувам косата и да бирам како сакам да изгледам – заклучил Ристе.
Инаку, трансплантацијата на коса последниве години стана хит кај мажите, а на овој тренд не одолеаја многу познати личности, а последно се пишуваше за Бојан Маровиќ. Цената на оваа интервенција се движи од 1.500 до 5.000 евра.
фото:Instagram/ Ристе Ристески