Радио Милева

Ристе Ристески пред неколку месеци се пресели во Белград, а сега оваа пејачка јавно го праша дали сака да и биде зет

Ристе Ристески пред неколку месеци се пресели во Белград, а сега оваа пејачка јавно го праша дали сака да и биде зет

Охриѓанецот Ристе Рисетски сите го паметиме по неговото учество во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде пред 2 години ја однесе победата.

Од пред неколку месеци Ристе се пресели да живее во Белград со цел да ја гради својата музичка кариера.

Ристе неодамна ја издаде својата втора песна „Неизлечиво“, а деновиве гостува по емисии и телевизии каде ја промовира песната.

Така, овие денови Ристе беше гостин во емисијата „Хало хало“, на „Гранд“.

Покрај Ристе во емисијата гости беа и Ивана Павковиќ, Небојша Војводиќ и Милица Тодоровиќ.

фото: принтскрин/јутуб

Во најавата водителката го нарече Ристе како победник и дека сега е многу позгоден.

Македонецот откри дека оди често во теретана и дека ослабел за да им парира на убавите девојки, на што се надоврза Милица Тодоровиќ и го праша дали сака да и биде зет.

„Сакаш ли да ми бидеш зет? Слободна е сестра ми, помладата. Културен, фин, ми се допаѓа за зет..“ се пошегува  пејачката во нејзин стил.

фото: принтскрин/јутуб

Ристески имаме прилика често да го гледаме и во друштво на неговите колеги од „Ѕвездите на Гранд“, но и во друштво на Катарина Живковиќ.

Дали Ристе ќе ја најде љубовта во соседна Србија и ќе стане српски зет останува да видиме.

https://www.youtube.com/watch?v=W2-GcPhiEtA&t=1912s

To top