Радио Милева Задоволен и горд

Ристе Ристески пред неколку месеци плати дебело за естетска интервенција, а дури сега резултатот е видлив за што даде пари (фото)

Ристе Ристески пред неколку месеци плати дебело за естетска интервенција, а дури сега резултатот е видлив за што даде пари (фото)

Ристе Ристески, првиот македонски поведник во “ЅГ“ периодов е ултра активен кога е неговата музичка кариера во прашање, од Скопје, Охрид, Квадарци, па се до Швајцарија, тој е неуморен во работата и задоволен од настапите пред публиката.

Ристе неодамна сподели со своите обожаватели на социјалните мрежи дека се решил на естетска интервенција, односно транспантација на коса која почнал да ја губи по напорен и стресен период. Скапата постапка решил да ја направи во приватна болница во Турција од која е многу задоволен.

– Направив трансплантација на коса, а пред речиси две години почна да ми паѓа косата. Сакав само да ја заштитам со оваа интервенција. Прво почна да опаѓа косата во предниот дел, а само мал дел пресадив, а остатокот го заштитив, бидејќи постои можност еден ден да почне да паѓа и во задниот дел – објаснува Ристе, а на прашањето дали тој добил препорака од некого за клиника во Турција, одговара:

– Да, таа е една од најдобрите клиники за трансплантација на коса во Истанбул и затоа ја избрав.

Сега по речиси осум месеци, резултатите и тоа како се видливи, а задоволството кај Ристе се гледа.

– Сакам да си ја средувам косата и да бирам како сакам да изгледам – заклучил Ристе за „Гранд онлајн“.

Инаку, трансплантацијата на коса последниве години стана хит кај мажите, а на овој тренд не одолеаја многу познати личности, а последно се пишуваше за Бојан Маровиќ. Цената на оваа интервенција се движи од 1.500 до 5.000 евра.

фото:Инстаграм принтскрин/Ристе Ристески

To top