Промотер

Ris Flower со официјална акустична верзија на “Come Undone” од Duran Duran (ВИДЕО)

Ris Flower со официјална акустична верзија на “Come Undone” од  Duran Duran (ВИДЕО)

Пред концертот кој ќе се одржи овој четврток, 18 мај 2023  во Станица 26, македонскиот музичар Борис Цветановски алиас Ris Flower, изненадува со уште едно фантастично парче музика – Акустична верзија на хитот “Come Undone” од “Duran Duran”.

Акустичната верзија на “Come Undone” во изведба на Ris Flower е емотивна балада во која доминира одличниот вокален перформанс на Ris Flower, надополнет со женски пратечи вокал, пијано и виолончело.

Ris Flower ги доби официјалните права од членовите и од продукциската куќа на англискиот бенд “Duran Duran” за препев на еден од најголемите музички хитови на сите времиња – “Come Undone”.

Песната е снимена во студиото “ARI” во Истанбул, а за врвната светска продукција се погрижи продуцентот и аранжер Мустафа Чанбазлар.

Овој сингл излегува непосредно пред  концертот кој ќе се одржи во четврток – на 18ти мај во клубот Станица 26 во Скопје, на кој Ris Flower ќе го промовира албумот “Flow”.

Влезниците се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.mktickets.mk
https://mktickets.mk/event/ris-flower/

Као звучи акустичната верзија на “Come Undone” од Duran Duran во изведба на Ris Flower, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):